_______________________________________________________________________________________________________________________________
Макед Мед Електр С. 2015 Окт 15; 2015;50008:9.
Maced Med Electr J. 2015 Oct 15; 2015;50008:9. 1
АјДи Дизајн 2012/ДООЕЛ Скопје
Македонско медицинско електронско списание
Волумен 2015; Статија ИД 50008, 9 страници
http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2015.50008
eISSN: 1857-9809
Базична медицина
Алергии на храна врз основа на серумски специфичен ИгЕ
во Република Македонија
Славица Христоманова Митковска
*
, Дејан Трајков, Александар Петличковски, Оливија Ефинска-Младеновска, Мирко
Спироски
Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ,
Скопје, Република Македонија
Цитирање: Христоманова Митковска С, Трајков Д,
Петличковски А, Ефинска-Младеновска О, Спироски М.
Алергии на храна врз основа на серумски специфичен ИгЕ
во Република Македонија. Макед Мед Електр С. 2015 Окт
15; 2015; 50008:9. http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2015.50008
Клучни зборови: вкупен ИгЕ; специфичен ИгЕ; алергии
на храна; Република Македонија.
*
Кореспонденција: Асист. д-р Славица Христоманова
Митковска. Институт за имунобиологија и хумана генетика,
Медицински факултет, „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.
Адреса: 50. Дивизија бр. 16, 1109 Скопје. Е-mail:
cacka_h@yahoo.com
Примено: 20-Авг-2015; Ревидирано 11-Сеп-2015;
Прифатено: 19-Сеп-2015; Објавено: 15-Окт-2015
Печатарски права: © 2015 Славица Христоманова
Митковска, Дејан Трајков, Александар Петличковски,
Оливија Ефинска-Младеновска, Мирко Спироски. Оваа
статија е со отворен пристап дистрибуирана под условите
на Нелокализирана лиценца, која овозможува
неограничена употреба, дистрибуција и репродукција на
било кој медиум, доколку се цитираат оригиналниот(ите)
автор(и) и изворот.
Конкурентски интереси: Авторите изјавуваат дека
немаат конкурентски интереси.
Извадок
ОСНОВА: Алергијата кон храна се дефинира како несакан имун одговор кој се јавува при
повторувачки изложувања на било кој вид на храна и може да биде посредувана со имуноглобулин Е
(ИгЕ) противтела или не – ИгЕ посредувана. Алергиската реакција кон храна е доста честа и според
последните истражувања се јавува кај 6-8% од децата, а во последните три декади забележан е
пораст во инциденцата на алергии кон храна. Доколку се сомневаме за ИгЕ посредувана реакција на
храната треба да се направат лабораториски испитувања и да се одредат вкупните и специфичните
ИгЕ противтела кон различните видови на храна.
ЦЕЛ: Целта на овој труд е да се пресмета и прикаже процентот на алергии на храна во Република
Македонија на основа на позитивен наод на ИгЕ противтела во серумот на пациенти упатени на
Институтот за имунобиологија и хумана генетика за алерголошки тестирања во десетгодишен период
(2001-2011).
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Анализирани се ретроспективно консекутивни пациенти во десет годишен
период (од 01.01.2001 до 01.01.2011 година), упатени на Институтот за имунобиологија и хумана
генетика при Медицинскиот факултет во Скопје за испитување на алергии. Анализите се направени на
3312 испитаника (пациенти) за кои имаме точни податоци за местото од кое потекнуваат, за возраста и
кај кои се одредени вредностите за вкупниот ИгЕ во серумот, како и вредностите за специфичните ИгЕ
противтела насочени кон алергени од храната. Анализите за одредување на вкупен ИгЕ и специфичен
ИгЕ во серумот кај пациентите се изработени на UniCAP100 System; Pharmacia, Uppsala, Sweden.
РЕЗУЛТАТИ: При анализата на дистрибуцијата на бројот на пациенти во секоја група на
концентрација на вкупниот ИгЕ покажуваат дека најголем дел од пациентите имале нормални
вредности за вкупниот ИгЕ во серумот. Од вкупно 3312 пациенти со сомневање за постоење на ИгЕ
посредувана алергија на храна кај 2367 сме добиле негативен наод за постоење на зголемени нивоа
на ИгЕ противтела, а само кај 945 испитаници сме докажале постоење на ИгЕ посредувана алергија на
храна. Најчестите позитивни алергени се: белка од јајце, млеко, варено млеко, пченица, кикирики,
протеини на млеко, лешник и јаболко, а од групно специфичните се: смешата од храна и смешата од
овошје.
ЗАКЛУЧОЦИ: Големиот број на негативни резултати ја покажува и потребата од зголемување на
бројот на алерголошки лаборатории низ Република Македонија како и зголемување на едукацијата на
матичните лекари преку семинари, конференции и предавања. Ова е првата студија во Република
Македонија за алергии кон храна во која се прикажани резултати на осонова на добиените вредности
на специфични ИгЕ противтела кон различни алергени од храна во серум.